„Мислам дека до вторник сè ќе разрешиме и дека до тогаш сè ќе биде во ред“, кажа Вучиќ гостувајќи на телевизијата Прва.
Тој изнесе и дополнителни детали за вчерашниот напад на обезбедувањето на израелската амбасада во Белград, кажувајќи дека напаѓачот бил исклучително добро обичен и дека стрелата ја испукал држејќи го самострелот во ќеса, за нападот да биде целосно неочекуван.
Вучиќ оцени дека нападот бил смислен, но дека напаѓачот не очекувал дека жандармот ќе му возврати.
„Секоја чест на жандармот за присебноста и храброста. Постапил според правилата на службата и го убил злосторникот“, кажа Вучиќ и додаде дека припадникот на српската полиција ќе биде одликуван.
Припадникот на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34) беше ранет вчера во напад пред израелската амбасада во Белград, кога беше погоден со самострел во вратот. Тој пукал во напаѓачот кој починал.