петок, 19 јули 2024

Орбан: Европа сè повеќе се вплеткува во конфликтот од кој ништо не може да добие

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европа сè повеќе се вплеткува во конфликтот во Украина од кој ништо не може да добие, а може многу да изгуби.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Живеејќи во балон, бриселската бирократија во изминатите години направи неколку политички грешки. Европа сè повеќе и повеќе се вплеткува во војната од која ништо не може да добие но лесно може многу да изгуби. Со секој ден е сè поочигледно дека кога е војната во прашање, за нив ништо не е скапо“, кажа Орбан.

Унгарскиот премиер истакна дека бриселските бирократи ја сакаат таа војна, сакаат да ја победат Русија, сакаат парите на европските даночни обврзници постојано да одат во Украина, додека истовремено европските компании се под санкции, инфлацијата скока, а милиони граѓани се во тешка позиција.

„Европа е во криза, христијанската цивилизација слабее, економската моќ паѓа, а конкурентноста на Стариот континент исто така. Во опаѓање е и способноста на Европа да ги застапува сопствените интереси во меѓународната политика“, заклучи тој.

Претходно Орбан изјави дека западните земји сè повеќе се приближуваат до линијата на фронтот и непосредно се мешаат во конфликтот во Украина. Меѓутоа истакна дека во таква ситуација Унгарија нема да учествува во мисија на НАТО во Украина, ниту ќе обезбеди војска, оружје или финансиски средства за таа цел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ