недела, 14 јули 2024

ВМРО-НП: Никој таканаречен македонски патриот не реагира на освојувањето на Македонија од страна на караѓорѓева Србија

Во текот на вчерашниот ден во нашата држава на три места беше одбележано освојувањето на Македонија од страна на караѓорѓева Србија при што главниот настан се одржа во Штип, а во контекст на Брегалничката битка помеѓу Србија и Бугарија, пишува денеска во партиското соопштение на ВМРО-Народна партија (ВМРО-НП).

Фото: Архива/Зебрњак

Објавено на

часот

Сподели

Овие настани кои очигледно веќе стануваат рутина се одбележуваат секоја година, а како главен настан е организирањето прослава под споменикот Зебрњак во Куманово, нагласуваат од ВМРО-НП.

„На овие одбележувања покрај стандардната иконографија традиционално се установи името ‘Стара Србија’ или ‘Јужна Србија’ и терминот ‘ослободување’ на Македонија, а најкарактеристичниот дел е што во сето ова официјално зема учество и државата со самото тоа што на секој настан присуствува и македонската армија со македонското знаме.  ВМРО-Народна партија постојано укажува на тоа дека на секој од овие настани ниту еден таканаречен македонски патриот не реагира, така што можеме слободно да кажеме дека колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат во Македонија“, пишува во партиската реакција на ВМРО-НП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ