На седницата на советот, советникот Ристе Попоски ја образложи потребата од донесување на ваков заклучок и потсети дека советот на општината секоја пред почетокот на туристичката сезона во Маврово го усвојува овој заклучок.
Со заклучокот е забрането вршење градежни работи и тоа ископ и транспорт на земја и градежни материјали на регионалниот пат Брана – село Маврово во периодот од 1 јули до 1 септември 2024 година за време на викендите.