четврток, 4 јули 2024

Приштина обвинува дека стотици Срби се спремаат за можен напад на Косово

Претседателот на косовското собрание Глаук Коњуфца изјави дека косовските институции имаат информации дека стотици луѓе во Србија вежбаат и се спремаат за можен напад на Косово. Неговите зборови ги потврди и заменик претседателот на парламентарниот Одбор за безбедност Енвер Дуголи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Загрижува што сето тоа се случува на територијата на Србија, пред очите на светот и меѓународните посредници, а сè уште нема сериозно предупредување кон Србија“, кажа Дуголи за време на гостувањето на телевизијата Дукаѓини. Истакна дека групи луѓе во Србија тренираат на воени полигони.

„Во Србија, на воени полигони на Жандармеријата, тие ја користат инфраструктурата на српската држава за тие групи да се подготвуваат и обучуваат. Тоа не го кажуваме само ние, тоа може да го потврдат и различни разузнавачки служби на пријателски земји“, кажа Дуголи без да даде доказ за своите тврдења.

„Тоа не е никаква политичка реторика, тоа е наод заснован на информации кои Косово ги поседува, но не треба да се крева паника. Мирот и стабилноста мора да се одржат“, истакна тој.

Додаде дека зад сето тоа стои српскиот претседател Александар Вучиќ. „Вучиќ е шефот на државата кој ги затвора очите и не сака да се изјасни за ова“, кажа Дуголи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ