четврток, 27 јуни 2024

Официјално: Ненад Димитријевиќ две години во Олимпија Милано

Шампионот на Италија, Олимпија Милано попладнево и официјално го потврди ангажманот на Ненад Димитријевиќ, Македонецот стави потпис на договор до јуни 2026 години.

Објавено на

часот

Сподели

Ненад Димитријевиќ започнува нова авантура, по две години поминати во УНИКС Казан, се сели во Италија.

Македонецот потпиша со шампионот Олимпија Милано, со кого ќе настапува и во Евролигата.

„Олимпија Милано постигна договор со Нено Димитријевиќ за соработка до крајот на сеозната 2025/26“ – гласеше известувањето.

За преселбата во Милано, Нанад Димитријевиќ рече: „Многу сум среќен и благодарен што ќе бидам дел од еден историски клуб. Горд сум што ми се укажа ваква шанса и ќе се обидам да помогнам да се освојат важни трофеи. Со нетрпение чекам да ја започнам новата авантура“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ