вторник, 22 октомври 2024

Владата утре ќе расправа со кои пари ќе ги зголеми пенизиите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти владината прес служба, со овој проект, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.

„Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, што ќе се одржи утре. Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани“, се вели во владиното соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ