четврток, 4 јули 2024

Нетанјаху: Војната нема да запре додека Хамас е на власт

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше „анонимните извори“ во израелската војска на кои се повикуваше Њујорк тајмс кога објави дека израелското воено раководство сака прекин на огнот во Појасот Газа, дури и ако Хамас засега остане на власт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам кои се тие анонимни извори, но тука сум за недвосмислено да кажам: тоа нема да се случи“, рече Нетанјаху во изјавата објавена од неговиот кабинет.

„Ќе ја завршиме војната само кога ќе ги постигнеме сите наши цели, вклучително и елиминација на Хамас и ослободување на сите наши заложници“, се вели во соопштението.

Според извештајот на американскиот весник, кој цитира девет актуелни и поранешни воени функционери, военото раководство смета дека прекинот на непријателствата е најдобар начин за ослободување на заложниците и обнова на сѐ помалите резерви на оружје и војници на Израел пред можната војна со Хезболах во Либан.

Нетанјаху негира дека на армијата ѝ недостасува нешто за да ги исполни целите поставени од политичкото раководство, објавија израелските медиуми.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги имаат сите средства да ги постигнат (целите)“, рече Нетанјаху.

„Нема да подлегнеме пред дефетизмот на Њујорк тајмс или на другите. Исполнети сме со духот на победата“, заклучи израелскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ