Д-р Бобан Вучевски од Клиничка болница Тетово информира дека нема повредени пациенти, ниту медицински персонал.
За состојбата на двајцата браќа кои учесствувале во престрелката и се наоѓаат во Клиничкиот центар во Скопјe тој изјави:
„Едниот беше во покритична состојба. Беше интервенирано од наша страна и со екипа од анестезија и реанимација префрлен е на скопските клиники. Кај вториот кој беше повреден, но во постабилна состојба, нашите торакални хирурзи поставија торакален дрен за да се стабилизира и исто така е префрлен во скопските клиники“.
На овој случај денеска му претходела физичка пресметка пред судот помеѓу еден од сега ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето.
Во пресметката се вклучени две семејства, Мусаи и Терезија. По тепачката, тие повторно се сретнале на влезот од болницата. Таму дошло и до употреба на огнено оружје, каде биле повредени Адхурим и Зендел Мусаи.