среда, 4 декември 2024
Египјанецот ги загрижи навивачите со своите последни коментари

Салах „удри“ по раководството на Ливерпул: Еве дојде и декември, а се уште не ми понудивте нов договор

Мохамед Салах откри дека се уште не му бил понуден нов договор од Ливерпул и признава дека во моментов е поблиску до заминување од Енфилд, отколку до останување.

Објавено на

часот

Сподели

Мохамед Салах е една од ѕвездите на Ливерпул (заедно со Вирџил ван Дајк и Трент Александер Арнолд) кои ги одработуваат последните месеци од своите договори, и изминатиов период често има гласини за нивната иднина.

Египјанецот, кој вчера постигна два гола против Ипсвич и донесе нова победа за „црвените“, сега ги загрижи навивачите со последните коментари са својата иднина.

„Видете, скоро сме во декември а јас се уште не сум добил понуда од клубот за нов договор. Па би рекол дека во овој момент поблиску сум до заминување, отколку до останување“ – вели Мо Салах.

„Знаете дека долги години сум дел од Ливерпул, и нема друг клуб како овој. Но на крајот од денот, не зависат работите од мене. Како што кажав пред малку, веќе сме во декември и јас немам добиено никаков предлог за продолжување на соработката“.

„Ги обожавам навивачите, тие ме обожаваат мене, но на крајот од денот, ништо не зависи од мене или навивачите“.

„Секако, разочаран сум што се уште никој не ме контактирал од клубот и не ми понудиле нов договор“.

„Нема да се пензионирам во брзо време, па уживам во игрите, се фокусирам на сезоната, ќе се обидеме да триумфираше во Премиерлигата, а се надевам и на триумф во Лигата на шампионите“.

„Разочаран сум, но ајде да видиме што ќе се случи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ