вторник, 3 декември 2024

Царинската управа очекува забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ со Националниот едношалтерски систем

Имплементацијата на Националниот едношалтерски систем ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Притоа во процесот на имплементација на системот од клучно значење е активна вклученост на највисоко ниво на сите 15 институции коишто се вклучени во процесот на издавање на дозволи, лиценци и сертификати. Целта е компаниите да добијат подобри услуги преку целосна дигитализација и отстранување на бирократските процедури, како и намалување на трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки.

Ова беа клучните пораки на денешниот состанок на Управувачкиот комитет за Национален едношалтерски систем, што на иницијатива на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски беше одржан во Царинската управа. На состанокот беа присутни директори и високи претставници на 15 институции, претставници на Светска банка како финансиери на проектот и претставници од конзорциумот.

Националниот едношалтерски систем ќе овозможи компаниите на едно место да ги поднесуваат барањата и документите до повеќе владини агенции коишто се вклучени во прекуграничната трговија. Притоа новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на процесите на издавање дозволи и лиценци и нивно плаќање.

Воедно системот ќе придонесе за поедноставување на процедурите, намалување на времето и трошоците за водење бизнис како и зголемување на транспарентноста. Истовремено преку колективно користење на податоците од страна на институциите, ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик и зголемување на безбедноста.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ