среда, 11 декември 2024

Нова главоболка за Анчелоти, пред пресметката со Ливерпул се повреди Винисиус Жуниор

„Кралевите“ попладнево брифираа дека Винисиус Жуниор се пожалил на болки по синоќешниот натпревар против Леганес, Бразилецот ја повредил задната ложа на левата нога.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид синоќа со 0-3 славеше на гостувањето кај Леганес и на најдобар можен начин за подготви за гостувањето на Енфилд и пресметката против Ливерпул во Лигата на шампиони.

Сепак, Карло Анчелоти и „кралевите“ утрово добиле лоши вести, ќе мораат на мегдан против „црвените“ без Винисиус Жуниор.

Бразилецот синоќа се пожалил на болки, а направените детални тестови покажале дека има повреда на задната ложа на левата нога.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Винисиус Жуниор ќе паузира помеѓу три и четири недели, и големи се шансите за него да заврши годинава, иако постојат можности тој да се врати во тимот за евентуалното финале на Светското клупско првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ