среда, 11 декември 2024

Македонски државјанин под истрага на хрватскиот УСКОК за пренос на 3,5 килограми

Врз основа на пријава од вуковарско-сремската полиција, хрватскиот УСКОК (Канцеларија- обвинителство за сузбивање на корупција и организиран криминал), повел истрага против 31-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил на граничниот премин Бајаково биле пронајдени речиси 3,5 килограми кокаин, што од Холандија го превезувал во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Истражителите се сомневаат дека 31-годишникот уште од 2017 година се поврзал во злосторничко здружение со повеќе непознати лица во Холандија и Македонија, за набавка, превоз и препродажба на големи количини кокаин.

„За реализација на наведениот план, обвинетиот најмалку пет пати во Холандија преземал најмалку по 3 килограми кокаин. Набавената дрога  со приватни возила, кои претходно ги организирал, ја превезувал до договорени одредишта во Скопје, за да ја предаде на претходно договорени купувачи“, соопштува Ускок.

Во соопштението се додава дека, согласно договорот за понатамошно криумчарење дрога, во текот на ноември оваа година, во Хаг преземал три пакета во кои се наоѓале околу 3,5 килограми кокаин.

Пакетите ги сокрил во просторот за резервното тркало на изнајмениот автомобил, па се упатил кон Македонија, заради испорака на дрогата на крајните купувачи

„Меѓутоа, не успеал  во таа намера, зашто возилото во кое се наоѓал на 21 ноември 2024 година, е запрено на граничниот премин Бајаково и по извршениот претрес пронајдена е дрога“, известуваат од Ускок.

Од хрватската полиција велат дека осомничениот 31-годишен македонски државјанин е уапсен и предаден на притворски надзорник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ