вторник, 3 декември 2024

Една недела по заедничката седница на владите, спикерот на македонското Собрание во официјална посета на Косово

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска, во рамки на официјалната посета на Косово, оствари средба со претседателот на косовската влада, Албин Курти, информираа од законодавниот дом.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од собраниската прес-служба се наведува дека на средбата Гаши го потврдил афирмативниот став на земјава за пристапување на Косово кон сите мултилатерални и регионални организации, како и дека во иднина Македонија ќе продолжи со ваквата поддршка.

Претседателот на законодавниот дом искажал подготвеност за македонското Собрание да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО.

Косовскиот премиер Курти, пак, истакнал дека денешната средба која следи непосредно по Втората меѓувладина конференција е индикатор дека односите меѓу Македонија и Косово добиваат на динамика, нагласувајќи дека економскиот напредок, соработката на бизнис- заедниците и доближувањето на европските стандарди се темелот на соработката меѓу двете држави.

Гаши искажал и подготвеност Собранието да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската унија, така и во однос на членството во НАТО. Како земја членка на НАТО, Македонија останува посветена на континуираниот ангажман на НАТО во Косово и на придонесот во КФОР.

Гаши нагласил дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија и НАТО, а преку заеднички напори државите може да ги надминат предизвиците и да обезбедат просперитет и стабилност за своите граѓани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ