среда, 11 декември 2024

Салвини: Зголемен е бројот на насилство врз жени од мигранти во Италија

Зголемен е бројот на насилство од страна на мигранти врз жени во Италија, што е последица на неконтролираната миграција, изјави денеска италијанскиот вицепремиер, министер за транспорт и лидер на десничарската партија Лига Матео Салвини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Салвини, по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ги прочита имињата на 15 жртви на фемицид во Италија кои беа убиени во период од една година, пренесе АНСА.

„Одбраната на жените значи и препознавање на неизбежната и растечка инциденца на странски агресори, загрижувачки факт што во никој случај не ги намалува случаите во Италија, туку ги нагласува опасните последици од неконтролираната имиграција“, рече тој.

Тој изјави дека мигрантите често доаѓаат од земји кои, како што рече, „не ги делат западните принципи и вредности“.

„Морална должност на сите нас е да ги чуваме и браниме по секоја цена, за безбедноста на жените и денес и утре“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ