вторник, 3 декември 2024

Бауер: НАТО сојузниците ќе мора да инвестираат близу три проценти од БДП на војската за да ги спроведат новите одбранбени планови

Сојузниците на НАТО ќе мора да потрошат многу поблиску до три отсто од бруто домашниот производ (БДП) на своите воени сили за да ги спроведат новите одбранбени планови на Алијансата, изјави во понеделникот Роб Бауер, висок воен претставник на НАТО, според Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Така, трошоците би ги надминале сегашните два отсто инвестиција во армиите на земјите-членки, што беше зацртано како актуелна цел на Алијансата.

Вкупниот процент потребен за да се направат новите планови остварливи е многу поблиску до три отсто од БДП отколку два отсто, изјави во Брисел претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер.

„Очекувам дека под новата администрација на Доналд Трамп во САД ќе има многу поинтензивна расправа за тоа колку повеќе Европа и Канада треба да инвестираат, а тоа е здрава и валидна дискусија што треба да се води“, рече Бауер.

Во својот претходен претседателски мандат, Доналд Трамп ја предупреди Алијансата за ниските одбранбени трошоци на нејзините земји-членки, кои тогаш трошеа помалку од два отсто од БДП на своите армии.

НАТО повеќе пати навести оваа година дека членките на Алијансата треба да ги зголемат инвестициите во своите одбранбени капацитети.

Поранешниот лидер на НАТО, Јенс Столтенберг, во септември изјави дека 32-те членки на Алијансата мора „да бидат подготвени да ја платат цената на мирот“ во справувањето со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ