среда, 11 декември 2024

Израел и Либан на чекор до примирје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху начелно го одобри договорот за прекин на огнот со Хезболах за време на безбедносните консултации со израелските власти синоќа, изјави извор запознаен со ситуацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската влада ќе гласа за договорот во вторник, потврди портпаролот на Нетанјаху.

Израел сè уште има забелешки за одредени детали од договорот, кои во понеделник треба да ѝ бидат пренесени на либанската влада, изјави истиот извор.

Тие и други детали сè уште се предмет на преговори, а повеќе извори нагласуваат дека договорот нема да биде конечен додека не се решат сите отворени прашања.

Договорот за прекин на огнот мора да биде одобрен и од израелската влада, што сè уште не се случило.

Извори запознаени со преговорите велат дека разговорите се движат во позитивна насока кон постигнување договор, но признаваат дека со оглед на тоа што Израел и Хезболах сè уште разменуваат оган, една грешка може да ги загрози преговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ