среда, 4 декември 2024

Кујнски апарат го предизвикал пожарот во ресторанот Натура, нема повредени лица

Нема повредени лица во пожарот кој попладнево се случи во угостителски објект во близина на Гостивар. Според официјалните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), се работи за интервенција во ресторанот Натура каде се запалил кујнски апарат. Огнот почнале да го гасат вработените, па на терен пристигнале и противпожарни екипи.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Тетово за МКД.мк велат дека причинета е само материјална штета, а увид ќе се прави во текот на утрешниот ден бидејќи во објектот е исклучена струјата за да не настане поголема штета. Пожарот бил пријавен околу 19 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ