понеделник, 8 јули 2024

Народна кујна за 73 кумановци

За 73 кумановци од денеска има оброк обезбеден преку програмата за социјална заштита на Општина Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за социјална заштита. Проектот „Народна кујна“ почна да функционира во просториите на ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“. За услугата конкурирале двеста лица, но дел од нив немале документација.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за пакети со храна, која лицата само ќе ја подигаат од ученичкиот дом, а проектот општината го спроведува во соработка со Центарот за социјална работа. Од Центарот за социјална работа ни даваат информации за сите тие луѓе кои веќе поднесуваат барања за јавна кујна, тие веќе имаат резервна листа, ни даваат информации за ранливите категории за да можат да остварат и право на еден оброк, изјави раководителот на секторот за социјална заштита“, Александар Крстевски.

 

Од секторот велат дека до нив пристигнале двесте барања, но дел од нив ја немале потребната документација. Службите од овој сектор ќе се ангажираат да ја обезбедат за да им помгнат на најсиромашните граѓани.

„Сега им помагаме за да влезат во процесот за добивање на мерката помош за јавна кујна. Моментално имаме 73 корисници со чиста документација. Храната можат да ја земат во ученичкиот дом од 10 до 12 часот. Веќе е разговарано со сите тие лица, дадени им се насоки како тоа ќе се спроведува, така што чинителите се веќе во тек“, рече Крстевски.

Во следниот период ќе се разгледува можноста да се поедностави процесот и правната рамка за аплицирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ