Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Албанија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
Земјотрес од 3,6 степени по Рихтер со епицентар во Охридско
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, во 14:07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.6.
Објавено на
часот