недела, 21 јули 2024

Николоски најавува трет мобилен оператор, услугите мора да поевтинат

Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, напиша на својот фејсбук профил Александар Николоски, министерот за транспорт.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол.

Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор.

Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните.

Исполнуваме! За тебе“, напиша Николоско на својот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ