петок, 28 јуни 2024

Националниот џез оркестар со Рамбо Амадеус ќе има три концерти во Хрватска

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од земјава, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа мини турнеја низ Хрватска, како што информираат од Националниот џез оркестар, започнува на 25 јуни со настап во Тврдината Св. Миховил во Шибеник. По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржи од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово. Третиот концерт е во Хрватскиот народен театар во Сплит, на 1 јули.

Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат по остри и сатирични текстови и виртуозност на гитарата. Неговата музика е мешавина од спротивности, колаж кој вклучува фанк, рок, хип-хоп, класичен, модерен џез, импровизирана музика, комедија скечеви и електронска музика. Рамбо пред се е мајстор за раскажување приказни, како музички така и лирски, што секогаш доаѓа до израз во неговите настапи во живо. Неговите концерти никогаш не се само повторување на снимени песни, туку мешавина од слободна импровизација и сатиричен хумор.

Публиката во Хрватска ќе има можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав. Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремек дела, наведуваат од Националниот џез оркестар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ