недела, 17 ноември 2024

Министрите не можеа да одлучат за кратење на функционерските плати без премиерот

По седум месеци откако се зголемија функционерските плати за повеќе од 70 отсто, денеска во Владата се расправаше за предлогот за измените на Законот за плати и надоместоци на функционерите. Одлука за овој предлог денеска не била донесена затоа што на владината седница не присуствувал премиерот Димитар Ковачевски кој сѐ уште е во Тирана.

Објавено на

часот

Сподели

Во март годинава со одлука на Уставниот суд функционерските плати се зголемија за 78 отсто.

На денешната седница било дискутирано за неколку варијанти како да се намалат функционерските плати, но конечната одлука ќе се донесе кога на владина седница ќе присуствува и премиерот.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вчера изјави дека заштедените пари ќе се користат за анти-кризни мерки. Да направиме поправедно решение и секако да ослободиме дел од средствата кои, ако се изгласа тој закон ќе бидат за антикризни мерки за најранливите категории“, рече Битиќи.

Освен министрите, од март поголеми плати имаат и претседателот на државата, судиите, обвинителите, пратениците, градоначалниците, директорите на државните и на јавните претпријатија…

Неколку месеци пред изборите министрите се сетија дека треба да расправаат за ветените измени во Законот за плати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ