вторник, 8 октомври 2024

Ми заплакало селото Ваташа – нова песна од проектот Македонијо во срце те носиме

Објавено на

часот

Сподели

„Самата идеја за песната и спојот со Игор Џамбазов беше на Ранко бубамара и сè започна од настапот на Златна бубамара на популарноста. Потоа дојде предлогот да бидам дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. Со задоволство прифатив, бидејќи во моментов вакви проекти ѝ се повеќе од потребни на Македонија, во време кога царуваат туѓи песни на туѓи јазици. Им порачувам на младите да ја сакаат, почитуваат и слушаат македонската музика, особено изворната народна песна бидејќи таа е нашиот идентитет“, вели Андријана.

Видеото за „Ми заплакало селото Ваташа“, за која овој пат аранжманот го направи Николче Мицевски, а во изведба на Андријана и Игор, е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“ и во чии рамки се препеани 12 македонски песни. Нумерите се изведени од 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а публиката уште треба да ги слушне и види ДНК и Зуица Лазова.

Скендеровски продукција како дел од овој проект го најавува и концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови. Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас, порачуваат организаторте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ