сабота, 27 јули 2024

Отворен конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024

Дина Јашари, „Љубичице“, „Артан Лили“… го чекаат наследникот на наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година

Објавено на

часот

Сподели

Oставнината на Милан Младеновиќ отвори конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година. Под слоганот „Пријави ја твојата песна“, конкурсот е отворен до 31-ви мај 2024 година.

Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на поранешните југословенски републики, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата.

Песните кои аплицираат за наградата треба да бидат објавени од 1 јуни 2023 до 31 мај годинава.
Апликациите може да ги поднесат авторите, изведувачите или издавачите користејќи го формуларот достапен на оваа интернет страница – www.milanmladenovic.com.
Наградата Милан Младеновиќ е основана со цел да се поттикне музичкото творештво кое се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Милан, а се доделува за најдобра песна од поранешна Југославија на церемонијата на 21 септември – роденденот на Милан.

Меѓу лауреатите на оваа престижна награда пред две години се најде и македонската пејачка Дина Јашари, па оттаму конкурсот последниве години со нетрпение го очекуваат сите кои се дел од македонската музичка сцена.
За победникот на наградата Милан Младеновиќ 2024 одлучува регионално жири составено од Ања Рупел (Словенија), Дубравко Јагатиќ (Хрватска), Макс Јуричиќ (Хрватска), Никола Врањковиќ (Србија), Светлана Ѓоловиќ (Србија).
Стручното жири прво ќе избере 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Фондацијата Милан Младеновиќ, а добитниците на овогодинешното признание ќе бидат наградени и со парични награди. Наградата е 3.000 евра. Фондацијата Милан Младеновиќ воспостави долгорочна соработка со фестивалот Егзит, а добитникот на наградата Милан Младеновиќ 2024 автоматски ќе биде вклучен меѓу изведувачите на Егзит 2025 година.
Награда ќе добие и најиновативниот тапанар, како и најинтересен вокалист, а годинава за прв пат ќе биде доделена и наградата за најдобар текст.
Освен формуларот за апликација, на веб-страницата е достапна и комплетна документација во врска со условите на конкурсот и правилата за доделување на наградата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ