сабота, 27 јули 2024

Генијални музичари, рекоа во Тирана по настапот на македонскиот Национален џез оркестар

„Ова се генијални, генијални музичари! Бескрајно му благодарам за соработката на Македонскиот културно информативен центар што овие прекрасни музичари вечерва свиреа во нашиот град“, изјави воодушевено Бесим Петрела, директор на Aлбанија џез фест, веднаш по настапот на македонскиот Национален џез оркестар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана, ова е прво претставување на оркестарот, надвор од нашата држава, кое предизвика бура од воодушевување.

Во преплната сала на Академијата за уметност во Тирана, публиката ги испрати музичарите од Националниот џез оркестар со неколкуминутен аплауз и со два пати со барање да се вратат на бината.

Оркестарот во својот репертоар има различни стилови, почнувајки од класичен џез, преку свинг, би бап, какои и композиции од Леб и сол.

„Родена е една нова генерација млади музичари, кои суверено владеат со сцената, своите инструменти и музиката. Свират со неверојатна леснотија, духовито и мајсторски. На моменти ви се чини како да се наоѓате пред оркестар кој постои десетици години, иако од неговото формирање до денес, нема поминато ниту една година“, се вeли во соопштението на КИЦ-Тирана.

Културно-информативниот центар во Тирана најавува за 16 мај 2024 претставување на „Џамбо Агушеви оркестар“ на фестивалот „Clouds“ во Тирана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ