петок, 26 јули 2024

Состојбата на словачкиот премиер Фицо по атентатот е премногу тешка за да се пренесе во Братислава или во странство

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по атентатот во средата и операцијата е стабилизирана, но сè уште е тешка, така што транспорт од болницата во Банска Бистрица до Братислава или во странство за сега не доаѓа во предвид, изјавија словачката министерка за здравство Зузана Долинкова и вицепремиерот, министерот за одбрана Роберт Калињак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Разговараме со премиерот со ограничени можности. Тие повреди се исцрпувачки. Нему му е потребно што е можно повеќе одмор и простор за лекарите кои работат на тоа неговата состојба да се придвижи кон поволна прогноза. Сè уште не сме победиле“, рече Калињак на прес-конференција во болницата Рузвелтова каде што лежи премиерот.

Вицепремиерот и најблизок соработник на Фицо изјави дека во наредните денови поради неговата тешка состојба не доаѓа предвид да се транспортира премиерот на понатамошно лекување во Братислава или во странство, од каде пристигнале многу понуди за помош.

„Мислам дека во моментов не го чека дополнителна операција. Не сум доктор, но токму вчерашната потврди дека првата е добро направена и треба да спречи понатамошни компликации. Ризикот е голем, а состојбата е сериозна затоа што после такви повреди реакцијата на организмот може да има многу компликации. Четири до пет дена се критични. Можеби утре ќе бидеме пооптимистични“, изјави Калињак.

Вицепремиерот потсети дека прогнозата на првиот ден, во средата, кога 71-годишниот Словак Јурај Цинтула испука пет куршуми од пиштол кон премиерот во градот Хандлова во централна Словачка, беше многу лоша бидејќи истрелите кон стомакот обично завршуваат фатално.

Калињак, во врска со зборовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека Роберт Фицо ќе му недостига многу во наредните месеци поради настаните во Европската Унија и војната во Украина, истакна дека ништо не се менува во политиката што ја води словачката влада, иако премиерот е во болница, а главната задача владата ја чека дома.

„Мораме да ја научиме демократијата повторно да оди. Фицо го нарекуваа со најлоши епитети, рекоа да го запреме злото. Какво зло? Десничарските влади секогаш се распаѓаа и фрустрацијата од нивниот неуспех се изроди во атентат. Треба да се вратиме назад до 2010 година кога сите се чувствуваа добро, политичарите, невладините организации, медиумите“, рече Калињак.

Вицепремиерот и министер за одбрана порача дека сега е потребно државата да функционира и општеството да има безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ