сабота, 27 јули 2024

Златен медал за хорот „Вардар“ на фестивал во Бијељина

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

Објавено на

часот

Сподели

Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024-та година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори.

Учеството на Фестивалот беше поддржано од Министерството за култура, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО – Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце.

Хорот „остои 24 години и ја промовира хорската музика во земјата и во странство и има добиено повеќе награди и признанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ