сабота, 27 јули 2024

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Полска ќе инвестира повеќе од 2 милијарди евра во безбедноста и утврдувањето на границата со Русија и Белорусија, која ја претставува и источната граница на Европската унија, изјави премиерот Доналд Туск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Решивме да инвестираме 10 милијарди злоти“ или околу 2,34 милијарди евра „во нашата безбедност, а особено во обезбедувањето на нашата источна граница“, изјави Туск за новинарите при претставувањето на проектот наречен „Источен штит“.

„Овој систем на утврдување, кој ја зајакнува 400-километарската граница со Русија и Белорусија, ќе биде елемент на одвраќање, стратегија за отфрлање на војната од нашите граници“, додаде тој, прецизирајќи дека работата е веќе започната.

Полска, чија територија се граничи со руската енклава Калининград и Белорусија, како и со Украина, стравува дека ќе биде следната цел на Москва.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Варшава е безусловен поддржувач на Киев и главната транзитна земја за западното оружје што му се доставува.

Соочена со руската закана, Варшава презеде брза модернизација на својата војска со одбранбен буџет од околу 4 отсто од БДП, највисок меѓу земјите на НАТО.

Варшава започна и серија набавки на воена опрема, вредна милијарди долари, главно во САД и Јужна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ