четврток, 13 јуни 2024

„Тепaчка“ за Мурињо во Турција, и Бешикташ сака да го ангажира Португалецот

Од таборот на Бешикташ откриваат дека стапиле во контакт со Жозе Мурињо и Португалецот бил отворен за соработка, наскоро ќе има нова средба.

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо е без работа откако доби отказ од Рома во јануари месеци, но се очекува следната сезона повторно да го гледаме крај аут-линијата, голем број на клубови пројавуваат интерес за неговите услуги.

Неодамна, името на Португалецот беше споменато во претседателската трка во Фенербахче, а сега уште еден клуб од Турција откри дека го посакува „специјалниот“.

Од таборот на Бешикташ соопштија дека стапиле во контакт со Жозе Мурињо, тој бил отворен за соработка, па наскоро ќе има нова средба.

„Пред еден месец стапивме во контакт со Жозе Мурињо и тој е отворен за соработка. Веќе ги средивме економските детали и следната недела во Италија ќе имаме средба лице в лице“ – вели потпретседателот на Бешикташ, Хусејин Јусел.

„Ако падне договор со Жозе Мурињо, тогаш ќе му препорачаме Рикардо Кварезма да биде дел од неговиот персонал“.

Тој исто така образложи дека платата на „специјалниот“ ќе биде покриена од спонзори, па нема многу да ја оптерети касата на клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ