„За жал, денеска се докажа дека поранешниот режим на ВМРО на чело со Никола Груевски е во соработка со ДУИ. Мислев дека во 2016 година се разделија, но сега излезе на површина дека тајно одржувале контакти, си помагале, а денес господинот Османи докажа дека работат на враќање на Груевски овде. Поради тоа го сменија Кривичниот законик, поради оваа причина зборуваат за закон за амнестија, само да бидат во функција на враќањето на Груевски“, изјави Меџити за Лајм.
Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да биде во Македонија за да се соочи со правдата.
„Од политички аспект, тоа е прашање за кое знам дека ќе биде злоупотребено, но од безбедносен аспект, да се има премиер кој бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, и тоа е во рацете на друга држава, ова не е добро за ниту една држава“, изјави Османи.
Притоа, рече тој, иницијатива за враќање на Груевски нема.
„Подобро е тој да биде тука и да се занимава со судските процеси што ги има. Ова би било најдоброто решение. Затоа го кажувам ова, аналитички. Но сета оваа фама за некаква комуникација е психолошки страв што ние не го разбираме“, рече Османи.
А пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски денеска изјави дека во моментот кога Никола Груевски ќе стапне на македонско тло, ќе оди во затвор.
„Никола Груевски, во оној момент кога ќе стапне во нашата држава ќе издржува казна затвор согласно конечни позитивни судски пресуди“, изјави Каевски.