недела, 17 ноември 2024
Телевизиско гостување на лидерот на ДД

Меџити ја повика партијата на Таравари да се врати во опозиција ако не сака изборен дебакл

Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити во телевизиско гостување на МРТВ ја повика Алијанса за Албанците на лидерот Арбен Таравари да ја напушти Влдата и да се приклучи на опозицискиот блок на Албанците доколку не сака изборен дебакл како приврзок на ДУИ. Меџити вели дека за постизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ има услов – уставните измени.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на партијата Демократско движење и пратеник во Собранието, Изет Меџити изјави дека носењето на уставните измени поврзани со Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе биде услов за евентуална коалиција по парламентарните избори со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ. 

Меџити рече дека за Албанците, но и за сите други граѓани на Македонија, приоритет над приоритетите е европската интеграција, и затоа нивниот став е јасен – носење на уставните измени со кои би се отворил патот на земјата кон Европската Унија.

Демократско движење, според него, нема по секоја цена да прифати да биде дел од некоја власт која нема да има приоритет „да ја започне работата со европските интеграции“.

Ние немаме друг избор, друга алтернатива немаме. Ние себеси не се гледаме како дел од власт која нема да има евроатланска ориентација. Ова сме го докажале пред две години, со придонесот на Кастриот Реџепи, а и мој со тоа што успеавме да ја задржиме Македонија на евроатлантскиот пат, рече Меџити.

На прашањето колку пати дневно разговара со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тој кажа дека со него нема комуникација ниту на дневно ниту на месечно ниво. Меџити рече дека единствен фокус за Движењето е структурирање на програмата, идеите и унифицирањето на ставовите на албанската опозиција. 

Тој ја повикува Алијансата на Албанците да им се приклучи во опозициската коалиција. 

„Јас сум убеден дека ако останат со заеднички листи со ДУИ и ДПА, разочараните гласачи или ќе останат дома или дел од нив ќе гласаат за албанската опозиција, бидејќи го поддржуваат опозицискиот дух и знаејќи го ова, апелирам (до Алијанса за Албанците, н.з.) да ја разгледаат нивната позиција и да дојдат каде што им е местото, во албанската опозиција“, рече Меџити. 

Според него, Алијанса за Албанците се претворила во патерица за спас на Артан Груби и Владата, а нивните гласачи не се задоволни со тоа што се во комбинација со ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ