Уапсените мажи имаат од 19 до 54 години. Полицијата наведува дека „работеле за фирма која пружа услуги во трговски објект“, а од соопштението може да се заклучи дека станува збор за обезбедување, пишува хрватски Индекс.
На 5 ноември, во утринските часови, двајцата мажи, стари 27 и 28 години, биле затекнати во кражба на облека во една од продавниците во трговски центар.
Потоа, осомничените ги одвеле во гаражата на трговскиот центар, каде физички ги нападнале и задржале. Во нападот 28-годишникот добил тешки телесни повреди.
Потоа 35-годишен член на обезбедувањето, со сериозни вербални закани, од 28-годипникот барал да му донесе неколку илјади евра или за возврат да потпише дека украл артикли од продавницата. Барал од него и да му го предаде својот автомобил БМВ.
Оштетениот, во страв за сопствениот живот, го потпишал барањето и се согласил на уцените, наведува полицијата.
Потоа, заробените мажи биле пуштени да го напуштат просторот на трговскиот центар, но осомничените го задржале автомобилот БМВ со кој двајцата оштетени дошле во центарот.
Сите осомничени се приведени во простории на полицијата за криминалистичка обработка. По завршената истрага, полициските службеници ги предале на притворски надзорник и поднеле извештај до општинското државно обвинителство во Загреб.