сабота, 30 ноември 2024

Лада искра, заснована на дачија логан, дебитираше во Русија

Руската компанија АВтоваз претстави нов модел, кој треба да почне да се продава во 2025 година. Лада искра е мал седан со четири врати базиран на локалната верзија на Рено и Дачија, по кој ќе следуваат и каросериски верзии карван и кросовер.

Објавено на

часот

Сподели

Искра е првиот модел на Лада по повеќе години, поради ефектот на западните санкции воведени поради конфликтот во Украина. Според компанијата, позицијата на искра е меѓу застарената гранта и поголемата веста, и дополнително ја проширува понудата на Лада.

Што се однесува до надворешноста, искра го носи „Икс-дизајн“ стилскиот јазик на моделот веста, со нови браници и модерни ЛЕД светла. Големината на седанот е речиси идентична на дачија логан, што укажува на потеклото на моделот.

Лада вели дека искра има „модерна глобална платформа, која е преработена и технолошки независна“. Руската компанија додава дека електрониката е „целосно локализирана“, со додавање на околу 400 нови делови.

Ако се чита меѓу редовите, платформата е верзија на ЦМФ-Б развиена од Рено, Дачија и Нисан. Рено групата целосно ги прекина врските со Лада во 2022 година, а Русите го искористиле претходно искуство од соработката со француската компанија за локалниот производ.

Новиот модел на Лада нема да има тајни под хаубата, бидејќи моторите се позајмени од другите модели. Основната верзија ќе го има 1,6-литарскиот бензинец на гранта со 90 коњски сили. Посилниот 1,6-литарски мотор од веста ќе дава 106 коњски сили до предните тркала преку шестбрзински рачен или автоматски менувач.

Лада искра треба да почне да се произведува во фабриката во Тољати на почетокот на 2025 година. Цената ќе биде објавена непосредно пред претставувањето на пазарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ