И денешниот меч почна лошо за Украина, Словачка дојде до водство со гол на Шранц во 17. минута од натпреварот.
Но, за разлика од мечот против Романија кога Украинците беа декласирани, овојпат имаа позитивна реакција во второто полувреме.
Во 54. минута Шапаренко по асистенција од Зинченко даде гол за израмнување на 1-1.
Течеше 80. минута кога Шапаренко додаде топка до Јаремчук, а тој ја смести во мрежата на Словачка за комплетен пресврт и победа на Украина од 2-1.
🚨 GOAL: Slovakia 1-2 Ukraine!
YAREMCHUK COMPLETES THE UKRAINE COMEBACK, WHAT A GOAL! 🇺🇦 pic.twitter.com/xHZAKDdtEp
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 21, 2024