„Во член 15 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија. Дератизација е збир на процедури кои се спроведуваат со цел да се уништат опасни штетници и можни носители на одредени заразни болести. Дезинфекцијата е постапка насочена кон уништување на најголемиот број на несакани микроорганизми со различни физичко-хемиски средства. За појаснување со член 10 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје, утврдена е единствено надлежноста на градот за дезинсекција, како збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите“, појаснуваат од Град Скопје
Од кај градоначалничката Арсовска велат дека се надлежни за комарците, ама не и за змиите во Скопје
Во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово која касна маж, Град Скопје ја известува јавноста дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, а дека од Град Скопје немаат надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари.
Објавено на
часот