недела, 21 јули 2024

Полска на прагот на елиминација, Австрија до важна победа (ВИДЕО)

Австрија со 3-1 ја совлада Полска и направи значаен исчекор кон нок-аут фазата, популарните „црвено-бели“ пак се пред елиминација на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Ниту Роберт Левандовски не помогна за Полска да стигне до првите бодови во Германија, попладнево, Австрија со 3-1 ги совлада популарните „црвено-бели“ и ги остави на последното место во Групата Д.

Траунер го отвори резултатот во 9. минута, но Полска успеа брзо да се врати во игра, да создаде неколку шанси и по половина час игра да изедначи преку Пјонтек.

Роберт Левандовски влезе во игра во 60. минута, но немаше никаков ефект врз играта на неговата репрезентација. Кратко потоа Баумгартнер погоди од врвот на шеснаесетникот за 2-1, а во 78. минута, Арнаутовиќ од пенал реализираше за 3-1 и ги реши дилемите околу победникот.

Со овој триумф, Австрија направи голем исчекор кон нок-аут фаза, додека пак Полска е пред збогување, со оглед на тоа дека во последното коло ќе играат против фаворизираната Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ