недела, 21 јули 2024

Борел: Европа не е комплетна додека Западен Балкан не стане нејзин дел, треба да се забрза процесот на проширување

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, изјави денес дека Европа не е комплетна додека Западен Балкан не стане нејзин дел, и дека е потребно да се забрза процесот на проширување кој предолго се одлага.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претходното проширување беше успешна приказна. Понатамошното проширување исто така ќе биде успешна приказна. Проблемот е што предолго се одложува. Сега мораме да забрзаме. Да не заборавиме дека Европа не е комплетна додека (земјите од Западен Балкан) не станат членки“, кажа тој во обраќањето на Европа форумот откако ја прими наградата Алојз Мок.

Борел истакна дека клучниот збор на првиот бран на проширувањето на ЕУ бил пазарот, а денес клучниот збор е безбедноста.

„Се соочуваме со важни закани, живееме во опасен пејзаж. Но бидете внимателни, националните решенија и изградбата на ѕидови нема да бидат решение за Европејците“, кажа тој.

Додаде дека демократијата не се шири туку дека се враќаат авторитарните режими, слободите се загрозени, а сè се претвора во оружје – енергијата, храната, технологијата, миграциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ