четврток, 18 јули 2024

Сообраќајот на патот Градско – Велес е нормализиран

Сообраќајот на патот Градско-Велес, кај Дади Петрол, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Објавено на

часот

Сподели

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ