среда, 24 јули 2024

Трамп предлага странците кои ќе завршат факултет во САД автоматски да добијат зелена карта

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп предложи луѓето кои ќе завршат факултет во Соединетите Американски Држави автоматски да добијат зелена карта, односно работна дозвола и престој во САД, за да можат да останат во земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога ќе завршите факултет, мислам дека би требало автоматски како дел од дипломата да добиете зелена карта за да можете да останете во оваа земја“, кажа Трамп во подкастот Ол ин кој го водат технолошки инвеститори.

Зелената карта им овозможува на поединците трајно да живеат и работат во САД и е пат кон државјанство.

Трамп, кој конзервативните ставови за имиграцијата ги стави во центарот на својата администрација и вети остри мерки ако биде повторно избран, ги осуди напорите на претседателот Џо Бајден да го заузда рекордниот број мигранти кои нелегално влегуваат во САД.

„Секој кој ќе дипломира на факултет, а потоа мине две или четири години, или стекне докторат на факултет, би требало да може да остане во оваа земја“, кажа Трамп.

Не е јасно дали Трамп мисли на сите странци, вклучувајќи ги оние кои нелегално влегле во државата, или само на лицата со студентска виза.

Американските пратеници од двете партии во минатото предлагаа закони кои би го олесниле останувањето во земјата за одредени студенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ