петок, 12 јули 2024

Пелистер доби вајлд-карта, ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги објави добитниците на вајлд-карти за новата сезона од Лигата на шампионите, Пелистер е меѓу оние кои добија.

Објавено на

часот

Сподели

И покрај тоа што минатата сезона ја завршија без освоен бод и со 14 порази, Пелистерци и следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Покрај Пелистер уште пет клуба добија покана од ЕХФ да учествуваат во ЛШ, тоа се Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Кјелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија.

Тие ќе им се придружат на Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плок, Спортинг и Фредериција со што се комплетира списокот од 16 екипи учесници во Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ