петок, 15 ноември 2024

Колку портали и скандали има во канцелариите на Груби, прашуваат од Европски сојуз за промени

Објавено на

часот

Сподели

Лажните медиуми кои се покренати за пред избори да ја фалат ДУИ се уште еден доказ дека криминалот и корупцијата на Груби се рак рана за македонското општество, рекоа од партиите на сојузот.

„Бараме релевантните институции кои ги претставуваат новинарите и медиумите итно да реагираат за овој мега-скандал кој го загрозува професионалното достоинство на новинарите“, беше нагласено на прес-конференцијата и порачаа дека доколку премиерот продолжи да молчи за овој скандал дека тоа ќе значи дека се согласува со ДУИ и Груби и дека ги подржува во овој скандал“, порачаа трите партии од Европски сојуз за промени.

„Како што објавија медиумите Радио слободна Европа и Призма, Артан Груби ги регистрирал овие портали на име Иљириана Бајрами, која е сопруга на Перпарим Бајрами, шефот на кабинетот на директор за Државна лотарија. Тој е најблискиот човек на Груби. Дури и порталот „Индекс.мк, во кој најмногу се промовира Груби, е регистриран од самиот Бајрами“, наведоа во изјава за медиумите претставниците на Европскиот сојуз за промена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ