вторник, 10 декември 2024

Граѓаните да ги заменат возачките со старото уставно име заклучно со Нова година, апелира Тошковски

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старото уставно име заклучно со Нова година.

Објавено на

часот

Сподели

Тошковски вели дека има околу 200 илајди возчаки дозволи кои останува да бидат променети, кои со моменталниот капацитет може да биде направено за не повеќе од 20 дена.

„Значи за 20 дена можеме да ги испринтаме, да ги исперсонализираме сите возачки дозволи коишто се потребни, ги имаме обезбедено обрасците од претходно кога немаше обрасци. Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа“, изјави Тошковски за Сител.

Тошковски, исто така, посочи дека доколку на граѓаните им се сѐ уште важечки возачките дозволи, печатењето на истите нема да биде на нивни трошок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ