среда, 11 декември 2024

Германец ќе го суди мечот меѓу Македонија и Фарски Острови

УЕФА ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на мечот меѓу Македонија и Фарски Острови кој се игра во недела од 15 часот во рамките од последното коло во Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

Главен судија на натпреварот ќе биде Германецот, Даниел Шлагер. Тој важи за еден од подобрите германски судии. Оваа сезона судеше четири Бундеслигашки меча, а беше главен арбитар и на дуелот од Конференциската лига меѓу Челси и Гент.

Помошници на Шлагер ќе му бидат Рафаел Фолтин и Свен Вашхитски, додека за четврти судија е избран Тимо Герах. Во ВАР собата главен ќе биде Даниел Зибер, а негов асистент ќе биде Рием Хусеин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ