петок, 13 декември 2024

Њујорк тајмс: Трамп ги презема трите столба на „длабоката држава“

Њујорк тајмс објави во својата најнова анализа на претседателските избори во Соединетите Американски Држави дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп не губел време во преземањето на три институции, односно трите столба на таканаречената длабока држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоката држава“ и нејзините три институции биле, како што пишува американскиот весник, најтврдокорните пречки на политичките амбиции на Трамп за време на првиот претседателски мандат.

Со тоа, се наведува, тој јасно дава до знаење дека такво нешто нема да дозволи во својот втор мандат.

Со својот избор на луѓе кои ќе ги водат министерството за правда, Пентагон и разузнавачките агенции, Трамп покажа дека ги заобиколува личностите од естаблишментот кои ги постави на тие позиции пред осум години, во корист на свои лојални поддржувачи со неконвенционални биографии, чија најважна квалификации е нивната лојалност нему, оценува американскиот весник.

„Изборот на Мет Гец за државен обвинител, на Пит Хегсет за министер за одбрана и на Тулси Габард за директорка на националната разузнавачка служба, во последните неколку дена го шокираа Вашингтон, кој можеби не би требало да биде толку изненаден, бидејќи секој кој ги слушаше ветувањата на Трамп и забелешките за време на предизборната кампања во последните неколку години можеше лесно да предвиди дека тој ќе ги крене своите поддржувачи спремни да го извршат неговото преземање на власта“, се наведува во анализата.

Се додава дека, доколку биде потврден нивниот избор, Гец, Хегсет и Габард ќе претставуваат водечки ударни сили во самопрогласената војна на Трамп против „длабоката држава“, иако ниеден од нив нема релевантно искуство за позициите за кои Трамп ги именуваше.

Сите тројца го повторија мислењето на Трамп дека владата е полна со државни службеници од кариера, кои работеле на тоа да ги „попречат“ неговите приоритети додека бил на функцијата американски претседател во првиот мандат, од 2016 до 2020, и го држеле „на нишан“ откако заминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ