среда, 4 декември 2024

Бајчетиќ ја одби Србија: Се чувствувам како Шпанец, ќе играм за Шпанија

Фудбалерот на Ливерпул кој како позајмен игра за Салцбург, Стефан Бајчетиќ стави крај на дилемата за која репрезентација ќе игра.

Објавено на

часот

Сподели

Поради српските корени кои ги има во Србија се надеваа дека би можел да игра за нив, но Бајчетиќ е дециден, ќе игра за Шпанија.

„Роден сум во Шпанија, растев во Шпанија, семејството ми е во Шпанија и се чувствувам како Шпанец. Горд сум што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ за „Марка“.

20-годишниот Бајчетиќ е роден во Виго и шанса да одигра неколку натпревари во првиот тим му даде Јирген Клоп минатата сезона. Сепак, Арне Слот одлучи да го испрати на позајмица и да собира искуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ