вторник, 3 декември 2024
Кондиционен марш

ЕБР се искачи по снег, па се распореди пред крстот на Водно заедно со директорот на БЈБ, Јанев

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска учествувал на кондиционен марш, организиран од страна на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР соопштија дека активноста била организирана согласно годишната програма за обука на припадниците на Единицата за брзо распоредување, за зголемување на физичката подготвеност на припадниците на единицата.

Кондициониот марш бил изведен од објектот на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти преку Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ