вторник, 10 декември 2024

Зеленски следната недела ќе претстави нов план за јакнење на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти денес дека следната недела ќе претстави нов план кој се состои од 10 точки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме да работиме на нашиот внатрешен план, на сè што е потребно за да обезбедиме Украина да биде силна. Денес покривме неколку точки, вклучувајќи го културниот суверенитет, кој го опфаќа културното наследство на Украина, современата култура и културната дипломатија“, кажа Зеленски.

Тој истакна дека е разработен делот од планот кој се однесува на безбедноста.

Министерството за внатрешни работи и службата за безбедност развија некои добри решенија и дефинитивно ќе ги спроведеме сите, порача Зеленски.

Додаде дека се детално обработени и точките кои се однесуваат на енергијата и оружјето, односно неговото производство во соработка со западните партнери.

„Вкупно има десет точки кои ќе бидат претставени следната недела и за секоја точка, заедно со граѓанското општество и со сите кои се спремни да придонесат со рационални идеи, ќе подготвиме темелен, доктринарен документ за Украина, за нашата отпорност“, наведе Зеленски.

Истакна дека еден од клучните елементи на внатрешниот план за јакнење на Украина е неговата економска компонента.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ