петок, 13 декември 2024

Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија за да ги намали цените на енергијата

Европската Унија треба да ги преиспита санкциите против Русија, бидејќи поради нив се високи цените на енергијата, што ја попречува конкурентноста на ЕУ, кажа денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на ЕУ потпишаа минатата недела на неформалниот самит декларација за конкурентноста.

„Цените на енергијата треба да се намалат на сите начини. Тоа значи дека треба да се преиспитаат санкциите, бидејќи според сегашната политика на санкции цените на енергијата нема да паднат“, кажа Орбан во интервју за унгарското државно радио, пренесува Ројтерс.

Орбан кажа дека американските компании плаќаат четвртина од износот кој нивните европски колеги ги трошат на гас и струја, што е хендикеп кој не може да се надмине со други средства.

Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022, Орбан се истакна како гласен критичар на санкциите на ЕУ против Москва.

Додека земјите од западна Европа вложуваат сериозни напори да се откажат од руската енергија, Унгарија, земја без излез на море, добива 80 до 85 отсто од гасот од Русија, а 80 отсто од сировата нафта исто така од својот поранешен комунистички сојузник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ