петок, 28 јуни 2024

Ѓорческа по голема борба е елиминирана од квалификациите на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа одигра одличен меч, но загуби од Американката Саша Викари во два сета во кои се играше тајбрејк.

Објавено на

часот

Сподели

Викари е на 138. место на ВТА листата, тоа е речиси 100 позиции подобро од Ѓорческа, па американската тенисерка беше голема фаворитка во денешниот меч.

Мечот траеше 104 минути, беше 7-6(1) 7-6(5). Причина за поразот според статистиката се големиот број неизнудени грешки 50 за Ѓорческа, а Викери имаше 16, како и двојните сервис грешки 10 за Лина, а две за американската тенисерка. Инаку, нашата тенисерка имаше додобар биланс на победнички поени 28:21, а скорот на поени беше 90:82 за Викери. Двете тенисерки имаа по три брејка и тоа во првиот сет.

Со овој пораз Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, следен турнир на кој ќе учествува е ИТФ фјучрсот во Рим кој е на програмата следната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ